Раст на економијата во првите три месеци, оцени НБРМ

Bez autora
Jun 12 2011

Раст на економијата во првиот квартал и задржување на позитивната динамика на бруто домашниот производ (БДП) и во текот на вториот квартал од годинава, е оцената на Народна банка (НБРМ) на последната седница. Индициите за зајакната домашна побарувачка, како што информираат од НБРМ, се потврдуваат и со остварувањата во надворешниот сектор, каде што во првите четири месеци од годинава е забележано зајакнување на увозната побарувачка. Девизниот пазар се карактеризира со релативно стабилни движења. Девизните бруто-резерви на 31 мај изнесувале 1.883 милиони евра и се повисоки за 169 милиони евра во споредба со крајот на 2010 година, што во најголем дел се должи на остварените приливи врз основа на повлечените средства од кредитната линија за претпазливост на ММФ од страна на државата.

Раст на економијата во првите три месеци, оцени НБРМРаст на економијата во првиот квартал и задржување на позитивната динамика на бруто домашниот производ (БДП) и во текот на вториот квартал од годинава, е оцената на Народна банка (НБРМ) на последната седница.

Индициите за зајакната домашна побарувачка, како што информираат од НБРМ, се потврдуваат и со остварувањата во надворешниот сектор, каде што во првите четири месеци од годинава е забележано зајакнување на увозната побарувачка.

Девизниот пазар се карактеризира со релативно стабилни движења. Девизните бруто-резерви на 31 мај изнесувале 1.883 милиони евра и се повисоки за 169 милиони евра во споредба со крајот на 2010 година, што во најголем дел се должи на остварените приливи врз основа на повлечените средства од кредитната линија за претпазливост на ММФ од страна на државата.

Податоците за инфлацијата покажуваат дека во мај првпат по девет месеци има намалување од 0,2 процента, имајќи предвид дека на годишна основа таа изнесува 5,2 процента, а просечната стапка во првите пет месеци од годината е 4,5 проценти, НБРМ очекува нивото на инфлацијата за вториот квартал да биде пет проценти.

Во однос на кредитирањето на приватниот сектор е забележано дека во текот на април тоа се одвива со малку поумерен интензитет во споредба со претходниот месец, што придонело за умерено забавување на годишната стапка на раст на вкупните кредити до ниво од 7,8 проценти.

„Ваквите поместувања на кредитниот пазар беа остварени во услови на забавување на годишната стапка на раст на вкупниот депозитен потенцијал од 12,4 отсто во март на 9,6 отсто во април, што предизвикаа висок одлив од сметките на претпријатијата во април (исплата на дивиденда од страна на една голема домашна компанија), додека кај депозитите на домаќинствата е забележано умерено забрзување на годишната стапка на раст“, информираат од НБРМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik